МВР со важен апел до родителите: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата!
Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“ – насилна онлајн заедница чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, со цел нивно манипулирање, заплашување и принудување на опасни и насилни дејствија. -За сериозноста на оваа појава предупредуваат и меѓународните безбедносни институции, меѓу кои и Федералното истражно биро на САД…