Ѓорѓиевски се сретна со швајцарскиот амбасадор Зомер: Скопје отвора нови можности за партнерство
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер, на која биле разменети мислења за можностите за унапредување на соработката и воспоставување нови партнерства во интерес на главниот град. Ѓорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи, истакна дека неговата определба како градоначалник е создавање партнерства кои ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на граѓаните.…