Овој град е прв во ЕУ кој тестира трамвај без шини: Кинеското електрично возило собира 250 патници
Љубљана е првиот град во Европската Унија што започнува со тестирање на кинески електричен трамвај на батерии кој се движи без шини. Возилото, произведено од кинеската компанија CRRC, е долго 30,2 метри и може да превезува околу 250 патници. Станува збор за двозглобно електрично возило од системот BRT (Bus Rapid Transit), познато и како „трамвај на батерии“. Тестирањето ќе започне без патници, а по неколку недели се очекува и граѓаните да можат да го користат. Возилото ќе…