„Кокошка“ – театарска игра против рамнодушноста на 51. издание на Млад отворен театар
Една од најзабележителните македонски театарски продукции во изминатиот период, претставата „Кокошка“ во режија на Теодора Силјаноска, вечерва, 19 ноември, гостува на 51. издание на Млад отворен театар – МОТ. Со три значајни меѓународни признанија, меѓу кои наградата за најдобра претстава на Интернационалниот театарски фестивал во Приштина и специјалната награда „Метална комета“ на престижниот фестивал „Kolyada Plays“ во Русија, „Кокошка“ се издвојува како едно од успешните…