Манасиевски: Филипче и СДС да одговорат дали Мацура бил криминалец кога со ДУИ го овозможиле влезот на „Алта банка“?
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со серијата обвинувања кон опозициските СДСМ и ДУИ во врска со влезот на српската „Алта банка“ и бизнисменот Давор Мацура на македонскиот банкарски пазар. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција го обвини лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче, за лицемерие и молк поради, како што наведе, страв од ДУИ. Според Манасиевски, јавно достапните информации покажуваат дека компанија на сват на…